ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ангеловска: Предлогот на Чулев за награда на полицајците од 15.000 денари, не кореспондира со ребалансот на буџетот

Ангеловска: Предлогот на Чулев - Работник
185views

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес-конференција рече дека барањето на министерот Наќе Чулев за награда на полициските службеници од 15.000 денари за време на пандемијата на коронавирусот, не кореспондира со ребалансот на буџетот кој беше донесен пред два дена.

„За предлогот прочитав во медиумите, но тоа барање не кореспондира со барањето на склопен ребаланс пред два дена. Јас кажав дека Владата ќе се труди да најде начин сите кои заслужиле да ги награди и кажав дека тоа се во првите редови после здравствените работници, и полицијата и армијата, пожарникарите и сите кои пожртвувано работат и го дадоа максималниот свој потенцијал во справување со оваа криза“, рече Ангеловска.