ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Реализацијата на капиталните инвестиции во рамките на просекот, јавниот долг стабилизиран

Ангеловска - Работник
130views
Реализацијата на капиталните инвестиции во 2019 година е во рамките на просекот во изминатите 10 години или нешто над просекот, а јавниот долг е стабилизиран, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
-Реализацијата на капиталните инвестиции за минатата година беше објавена и изнесува 78 проценти, но таму не се вклучени големите капитални проекти што се реализираат преку ЈПДП, кое имаше одлична реализација од над 85 проценти. Што значи, дека можеме да кажеме оти имаме над 80 проценти реализација на капиталните инвестиции што е во рамки или нешто над просекот во изминатите 10 години, рече Ангеловска во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на корзото во Општина Ѓорче Петров.
За јавниот долг оцени дека се стабилизрал во последните две години и додаде дека задолжувањето се користи за редовно финансирање на буџетскиот дефицит и за отплата на старите долгови, објави Сител.