ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Стапката на невработеност од 16,2 % во првото тримесечје е историски најниска

Мерката 14.500 денари финансиска поддршка - Работник
122views

Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 е 16,2% (историски најниска). Годината започна со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите…за што зборуваат и статистичките показатели за првиот квартал.

Сепак се наоѓаме во нова реалност – Covid-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме.

Просечната стапка на невработеност во 2019 е 17.3%, додека во последниот квартал од 2019 изнесуваше 16.6%.

Фејсбук статус на Министерката за финансии, Нина Ангеловска