ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Ќе има измени во протоколите за кафулињата

403views

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска денеска изјави дека е нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки.

Нормално е протоколите да претрпат измени, но воедно е важно и угостителите и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, рече денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ангеловска нагласи дека угостителите биле вклучени во носењето на протколите, но сепак, мислењето на епидемиолозите е клучно.

Таа потенцираше дека угостителите биле вклучени во носењето на протоколите, но нагласи дека мислењето на епидемиолозите е најважно.

“Мора да ги слушаме епидемиолозите зашто здравјето е најбитно. Протоколите е нормално да претпруваат измени, но многу е важно сите да бидеме дисциплинирани и да се заштитме сами, без некој да не критикува или опоменува. Ќе бидеме флексибилни, но кои би биле дополнителните измени на пртоколите ќе зависи и од граѓаните и од угостителите”, рече Ангеловска.