ЕкономијаСвет

Анкета: Граѓаните на ЕУ загрижени за финансиските поради финансиските последици од Ковид – 19

Анкета: Граѓаните на ЕУ загрижени - Работник
77views

Поголемиот број од граѓаните на Европска Унија стравуваат од директните последици од кризата со новиот корнавирус врз личната финансиска ситуација или повеќето од нив веќе претрпеле штети, покажуваат резултатите од најновото истражување нарачано од Европски Парламент.

Дури 39 проценти од испитаниците од 27 земји-членки на ЕУ изјавиле дека кризата предизвикана од Ковид-19 веќе влијаела врз нивниот личен доход, додека 27 отсто истакнале дека очекувааттаков ефект во иднина.

Само 27 проценти од испитаниците изјавиле дека не очекуваат пандемијата да влијае врз нивните примања.

Повеќе од половина односно 54 проценти од испитаниците се изјасниле дека поддржуваат зголемен буџет на ЕУ за надминување на пандемијата. Тие одгвориле дека јавното здравје треба да биде приоритет во финансирањето на заедничкиот буџет. Додека 42 отсто одговориле дека буџетот треба да се зголеми за санирање на економијата, 37 проценти – за климатските промени и заштита на животната средина, а 35 отсто за вработувања и социјалните прашања.

Две-третини од испитаниците (66 проценти) се согласни ЕУ да има поголеми овластувања за справување со кризи, како што е пандемијата со Ковид-19.