ЕкономијаМакедонијаМакедонијаСиндикат

Анкета: Пензионерите најмногу се незадоволни од здравствениот систем во Македонија

Анкета: Пензионерите - Работник
286views

Според анонимната анкета спроведена од страна на Пензионерскиот синдикат на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на 120 испитаници на просечна возраст од 66,5 години, во периодот од 10 до 14 октомври 2019 година, 50 % од испитаниците истакнале дека живеат многу полошо од порано и секојденевно им се нарушува квалитетот на животот, 2 лица одговориле дека ништо не се променило, а 1 лице одговорило дека живее значајно подобро.

Во однос на тоа дали се задоволни со висината на пензијата, 80 % одговориле дека се незадоволни, 10 % одговориле дека не се ни незадоволни, ни задоволни и 5% одговориле дека се задоволни и дека може да биде подобри.

На прашањето дали издржуваат некој член на семејството, 80 % одговориле да, 10 проценти одговориле не и 1о проценти не дале одговор. Што се однесува на прашањето дали имаат други приходи освен пензијата,80 % истакнале дека немаат, 5 % одговориле дека имаат, а 10 % не дале одговор на ова прашање.

За тоа дали користат услуги од социјална заштита, 100 %, односно сите испитаници одговориле дека не користат, додека во однос на прашањето за тоа какво е нивното мислење за здравствената заштита, 50 % одговориле дека не се задоволни, 20 % се исклучително незадоволни, 30 % не се ниту задоволни, ниту незадоволни, 2 лица одговориле дека се задоволни, но може да биде и подобро и 1 лице одговорило дека е исклучително задоволно. 60 % одговориле дека минатата година не користеле услуга на приватен доктор, а 40% користеле услуги од приватен доктор, додека услуги на приватен стоматолог минатата година искористиле 70 %, а 30 % не искористиле. 40 % од испитаниците одговориле дека имаат ниту добра, ниту лоша здравствена состојба, но е поднослива, 20 % рекле дека можат да се движат и дека не зависат од туѓа помош и 10 % одговориле дека се со лоша здравствена состојба , но можат да се грижат за себе.

Анкетата покажува и дека 90 % од испитаниците сметаат дека се врши дискриминација врз пензионерите, додека 10 % не одговориле. 90 % од нив одговориле дека се дикриминираат на начин што не им се отстапува место во јавниот превоз и немаат предност кога чекаат на ред, а 10 % истакнале дека во главно сите се нељубезни и не сакаат да ги сослушаат нивните проблеми.

Според податоците од анкетата, 90 % од испитаниците рекле дека најмногу се незадоволни од општински служби, 80 % од системот на здравствена заштита и 60 % од системот на социјална заштита. Најголем дел од нив, односно 90 % не се задоволни од работењето на Сојузот на пензонери на Македонија.

Имено, 40 % од испитаниците одговориле дека живеат само со сопруг/а, 20 % со деца и сопруг/а, 10 % проценти живеат сами и 10 % само со деца. 50 % од нив имаат сопствена куќа, а 50 % сопствен стан. Најголем број од нив се со средно образование, односно 40 %, со основно се 20 %, со вишо образование се 30 % и со факултет се 10 проценти. Најмадиот пензионер од нив е 2 години во пензија, додека најстариот е 18 години.

Анкетата е направна за потребите на 9- та Регионална конференција на пензионерски синдикати која се одржа во Белград 16 октомври 2019 година. На конференцијата учествувале претставници од пензионерските синдикати од регионот и пензионерскиот синдикат од Италија.

Бобан Илијевски