Економија

АНКЕТА: Само 5% од Македонците задоволни од својата плата

АНКЕТА: Само 5% од Македонците задоволни од својата плата-Работник
182views

Дека Македонија има најниска просечна плата споредено со другите земји во регионот е добро познат факт,  но сепак сакавме да го слушнеме мислењето на читателите на нашиот портал па направивме анкета во која прашавме „Дали сте задоволни од вашата плата?“

Понудените одговори беа: 
1. Да, сметам дека заработувам онолку колку што треба,
2. Да, но придонесувам повеќе од тоа што сум платен/а,
3. Не, сметам дека заработувам помалку од моите колеги,
4. Не, но сите вработени во мојата компанија земаат ниски плати.

Само 5% од испитаниците смеетаат дека заработуваат онолку колку што треба и се изјасниле како задоволни.

26% сметаат дека придонесуваат повеќе од колку што заработуваат, па имавме коментари од типот„Работам по 10 часа, платен сум едвај за 8“.

28% сметаат дека заработуваат помалку од своите колеги и дека најголемиот дел од колачот го делат директорите, а вработените работат за минимална плата. Имаше и такви кои сметаат дека заработуваат помалку од колегите поради тоа што немаат конекции со надредените.

Најголем дел, 40% се изјасниле дека не се задоволни со својата плата, но сите вработени во нивната компанија земаат ниски плати.

Целосната објава можете да ја прегледате овде