ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникот

Апасиев: Да се воведе данок на луксуз за богатите, а не да се крати од работниците

Апасиев: Да се воведе данок - Работник
3.47Kviews

Овие квазимерки на двете наши најголеми бизнис-партии се слични на „плановите“ на сопствениците за т.н. „финансиски консолидации“ во компаниите каде што профитот почнал да опаѓа – па, прво што почнува да се крати е намалување на трошоците за плати и одредени бенефиции на вработените, а последно што страда е самиот имот на сопственикот, кој го стекнувал преку експлоатација, додека работниците претходно цело време работеле за минимална плата со која само преживувале, вели Универзитетскиот професор Димитар Апасиев ексклузивно за пораталот Работник, прашан за тоа како гледа на мерките предложени од двете најголеми македонски политички партии.

Апасиев смета дека како и досега, така и за време на оваа криза, финансискиот товар од истата целосно се префрла на грбот на рабоничката класа, односно онаа ниска и средна класа која живее од продажба на својот мануелен или интелекруален труд (работници од производниот и услужен сектор, разните занаетчии, земјоделци, административци, чиновници, образовни кадри, слободни професии, културњаци, уметнички работници и сл.).

„Додека пак во исто време, пред нашите очи, гледаме дека Владата, не само што не прибира средства од сопственичката/капиталистичка класа, т.е. богатите, за да ги покрие барем вонредно настанатите трошоци од самата криза, туку напротив – средствата кои ќе ги собере од стегање на ременот на посиромашните, ќе ги доделува за спас на бизнисите на побогатите, кои откако ќе бидат „спасени“ треба и понатаму да продолжат со нивната екплоатација“, вели Апасиев.

Прашан за тоа како според него ќе се одрази корона кризата врз работниците, Апасиев истакна дека штом трошоците за превенирање од самиот вирус, како и санирање на економските последици од таа криза ќе бидат на грбот на работниците, секако таа ќе се одрази најлошо токму врз работничката класа.

Според него, под притисок на финансиската криза, не само што ќе останат без работа огромен дел од работниците, туку најверојатно ќе се намалат и нивните примања во иднина. А во услови на приватно здравство, кое е прескапо и од старт е недостапно за работниците, ова ќе се одрази лошо и по јавното здравје.

„Но, сепак, ние се надеваме дека работниците, после ваквиот удар, ќе постигнат повисоко ниво на класна свест и нема да може лесно да бидат манипулирани со ветувања за розевата иднина од страна на владеачкиот естаблишмент, затоа што директно на своја кожа чувстуваат како во време на криза, токму тие се оние кои се оставени први на удар“, рече Апасиев

Во однос на тоа што мисли дека треба да се направи за да се избегнат големи последици од кризата, тој вели дека исклучително е тешко без поголеми последици да се справи со кризи од ваков тип, особено кога држава со децении наназад, преку приватизацијата и пазарната либерализација, е сведена единствено на исполнување на нејзината бирократската и безбедносната улога – оставена без капацитети и без план и волја за обезбедување јавни услуги од витално значење за животот на целата заедница.

„Имено, преку распродажба и систематско уништување на се што е јавно и се што народот заеднички изградил и создал, државата денес ни е претворена во алатка на владејачкиот бизнис естаблишмент. Како и да е, сега сите сме свесни дека, долгорочно, треба да се градат стратешки политики кои ќе го зајакнат капацитетот на државата за давање бесплатни јавни услуги на граѓаните, а со тоа унапредување на капацитетите за менаџирање на кризни ситуации на самата држава како целина“, потенцира Апасиев.

Тој во името на „Левица“ вели дека нивен став е  дека прво што треба да се направи е да се донесат итни антикапиталистички и антиолигархиски мерки, со кои ќе зе откине дел од натовареното богатсво кај богаташите и олигарсите, за да финансискиот товар од самата криза не падне само на плеќите на финансиски најранливите.

Според него, наа пример, за почеток добро е да се воведе т.н. данок на луксуз за богатитите! На овој начин, ќе се намали и енормната класна поделба која постои во нашата држава, како една од класно најраслоените земји во Еврпа и пошироко. Понатаму, треба да се излезе од оваа евро-атлантска манија и да се побара помош – како стручна и материјална, така и советодавна – од земјите кои се надвор од овој евро-атлански блок, а кои следиме дека единствено се одзваа на меѓународната солидарност со погодените земји.

Бобан Илијевски