ЗанимливостиСветСветот на работникот

Армани ги преместува работните простории од Париз во Милано

Армани ги преместува - Работник
175views

Глобално познатиот моден креатор Џорџо Армани одлучил работните простории на својата модна компанија од Париз да ги премести во Милано, Италија.

Седиштето на модната куќа е во француската престолнина од 2005 година, а отсега тие ќе ги претставуваат новите колекции во историската Палата Орсини во Милано. Претставувањето во блиска иднина „нема да биде сезонско”, истакнува Армани.

Дизајнерот веќе откри и дека машките и женските колекции на Џорџо и Емпорио Армани ќе бидат претставени в септември, во Милано.