ЕкономијаМакедонија

Арсовска: Добро е да има капитални инфраструктурни проекти, но не ни треба дополнително задолжување

Арсовска: Добро е да има капитални - Работник
197views

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска смета дека деловната зедница треба да има повеќе информации за конкретните капитални инфраструктурни проекти и за изворите за нивно финасирање, за да ја коментира најавата на премработиерот Зоран Заев дека ќе следи нови инвестициски циклус од пет милијарди евра.

– Да се има капитални инфраструктурни проекти е од големо значење за граѓаните и за деловната заедница, бидејќи секоја од компаниите ќе може да биде вклучена во нив и да даде свој придонес. Тоа секако влева и дополнителни свежи средства во економијата и ќе ја зголеми потрошувачката, меѓутоа првично треба да ги знаеме изворите на парите и кои се конкретните проекти за кои се планираат да се потрошат планираните средства за да можеме  да дадеме мислење и подетално да го образложиме, рече Арсовска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во ССК, пренесува Либертас.

Целосниот текст можете да го прочитате тука