ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Арсовска: Над 80% од вработените приватниот сектор се наоѓаат во тешка состојба поради кризата

Арсовска: Над 80% од вработените - Работник
25views

Претседателка на Соујзот на стопански комори Данела Арсовска, во гостувањето на „Топ тема“ на Телма истакна дека над 80% од вработените во приватниот сектор се во тешка состојба поради пандемијата.

Таа потенцираше дека фокусот во 2021 година треба да биде на борба со сивата економија и со корупцијата. Со отстранување на нелојалната конкуренција на пазарот и на оние кои не дотираат во Буџетот, рече, ќе им се помогне на оние кои се сега во тешка состојба односно над 80 проценти вработени во приватниот сектор.

– Луѓето што работат во приватниот сектор заслужуваат да им се помогне затоа што тие понатаму ќе знаат позитивно да вратат на она што сега ќе го видат како помош и заштита. Доколку тоа не се случи, оној што чесно работел и го загубил тоа што го имал – или ќе премине во сивата економија и ќе се појави даночна евазија или ќе се откаже со што ќе имаме губење на голем број работни места, рече Арсовска.