ЕкономијаМакедонија

Арсовска: Нереални се прогнозите за економијата во 2020 да порасне за 3,8 отсто

Арсовска: Нереални се прогнозите - Работник
56views

Проектите кои се планираат до година, а ќе се финансираат со пари од државната каса, ќе бидат доведени во прашање. Ставот на Сојузот на стопанските комори е дека се нереални прогнозите економијата во 2020 да порасне за 3,8 отсто. Стопанствениците, дополнително обвинуваат за нетранспарентност на владата во формирањето на Буџетот. Велат се подготвувал зад затворени врати и без да бидат информирани бизнисмените кои вработуваат околу 80 отсто од граѓаните кои ја полнат државната каса преку плаќање даноци.

„Нашите проекции за 2020 година се дека поради целокупната состојба која ја имаме тука нема да биде возможно да постигнеме раст поголем од 3,2 отсто. А тоа беше и максимумот кој беше предвиден за 2019 година, и се тоа втемелено во целокупната несигурност и нестабилност во Македонија се пренесува и директно влијае врз инвестициите кои нашите компании ги имаат планирано“, рече Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори, објави АлсатМ.

Целосниот текст прочитајте го тука