
Археолозите кои ископуваат на локалитетот на брдото Сион во Ерусалим откриле докази за тоа дела Вавилон го освоил тој град, што го потврдува и библискиот приказ на неговото уништување, пренесува CNN.
Научниците од Универзитетот во Северна Каролина на тоа подрачје пронашле значајни археолошки налази, вклучувајќи наслаги на пепел, стели и скршени делови на садови и светилки. Најизненадувачко откритие е накитот, односно обетките со ѕвонест горен дел.
Archaeologists in Jerusalem unearth 2,600-year-old artifacts including arrowheads and gold jewelry at Mount Zion in discovery hailed as… https://t.co/AD3ORhKLIc
— William Gareth Evans (@wgevans) August 13, 2019
Постоење на елити
Шимон Гибсон, директор на универзитетот на археолошкиот проект Маунт Зин, за CNN објаснил дека пронаоѓањето на реткото парче накит е прв доказ за постоењето на „елити“, односно богати жители кои живееле во Ерусалим пред неговото основање, 587 – 586 година пред Христос.
Додал дека пронаоѓањето на накитот кој е „јасен показател на богатството на жителите на градот во време на опсадата“ е реткост на местата на борба бидејќи во тоа време борците обично би го украле и би го растопиле.
Најтажен ден во годината
Историчарите сметаат дека во времето на вавилонското освојување на Ерусалим кое го предводел вавилонскиот крал Набукодонозор 2, дошло до уништување на градот и погубување на поголемиот дел од жителите. Тогаш веројатно е срушен и храмот на Соломон, што се споменува и во Стариот завет.
Православните Евреи секоја година го обележуваат настанот Тиша Б’Авом, односно денот на пост и жалост кој во еврејскиот календар се смета за најтажен ден и со кои се одбележува уништувањето на Вториот храм.