Правда

Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, се залага за еднакви права и еднаков третман на лицата со посебни потреби

Една од основните цели на постоењето и делувањето на Асоцијацијата - Работник
218views

„Една од основните цели на постоењето и делувањето на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, е залагањето за еднаквите права и еднаквиот третман на лицата со посебни потреби, нивно еднакво учество на пазарот на трудот, и работни места оспособени и прилагодени за нивните потреби. По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп – 3ти декември, тимот на Јуридика присуствуваше на одбележувањето на истиот во Музејот на Внатрешната македонска револуционерна организација, во организација на здружението Хендикеп плус и Министерството за култура. Овој ден е посебно акцентиран за потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но како што беше посочено и на настанот, дека не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите, туку тоа треба да биде секој ден, и да претставува дел од човечкото општество. Изразуваме голема благодарност до претседателката на Хендикеп плус – Бранкица Димитровска, и остануваме со порака секојдневно и сите заедно да се бориме за правата на овие лица – еднакви во општеството како и сите други“, пишуваат од Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација, „Јуридика“ на нивната фејбик страна.