Наука

Астронаутите во вселената ќе добија микровална – пратена им е со ракета (Видео)

Астронаутите во вселената - Работник
42views

На астронаутите во Меѓународната вселнска станица им била испратена микровална, за да можат да печат колачи, пренесува BBC.

Теретната капсула со специјална „вселенска микровална“ и состојки за колачи била лансирана во саботата од американската сојузна држава Вирџинија.

Астронаутите би требало да тестираат како високите температури и нултата гравитација влијае на обиликот и конзистенцијата на колачите.

Прво печење во вселената

Ќе биде тоа прво печење на колачи во вселената, наведува BBC.

Хотелскиот ланец Хилтон Дабл Три кој ги обзебедил состојките, соопштил дека тој „историски кулинарен експеримент“ би требало во долготрајните претсои во вселената да внесе „белези од дома“.

Капсулата Цајгнус понела уште необични работи, вклучувајќи делови од спортски автомобили и елек за заштита од радијација.

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица ќе ја тестираат удобноста на елеците, а италијанскиот произведувач на автомобили Ламбурџини пратил примероци од карбонски влакна за да утврди како на нив влијае вселенското зрачење.

Капсулата тешка 3,700 килограми би требало на Меѓународната вселенска станица да стигне во понеделник.