ПравдаСветСиндикат

Атина е блокирана: Грците во штрајк поради законот за социјално осигурување

Атина е блокирана - Работник
116views

Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) во Грција денеска започнал 24 часовен штрајк поради новиот закон за социјално осигурување.

Од наутро во шест часот на улиците во главниот град Атина нема автобуси, тролејбуси и трамваи, а не работи ни метрото, бидејќи во штрајкот учествуваат сите вработени во јавниот превоз.

Штрајкот ќе ја блокира грчката престолнина. Проблем ќе има и со поморскиот сообраќај, бидејќи бродовите во најголемото пристаниште Пиреас ќе останат во пристаништето, додека промена ќе има и во функционирањето на уште две други атински пристаништа.

Единствено само железничкиот сообраќај ќе функционира нормално. Во штрајкот ќе учествуваат и Федерацијата на вработени во државните болници, како и Федерацијата на вработени во локалната самоуправа. Новинарите ќе прикинат со работа од 12 до 15 часот, во знак на поддршка на синдикатите.

Од синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) наведуваат дека во новиот закон не постојат измени во старосната граница за пензионирање, односно дека во и во новиот закон се задржува границата од 67 или 62 години, со 40 години работен стаж. Помеѓу другото, бараат и враќање на 13 и 14 плата, како и државна гаранција за сите пензии.

На одвоен протест ќе учествува и синдикатот на Комунистичката партија (ПАМЕ). Како што наведуваат извори од грчката влада за агенцијата АНА – МПА, се протестира против законот кој го донела сега опозициската партија СИРИЗА во 2016 година, чии негативни одредби се укинуваат со новиот закон на актуелната влада на Нова демократија.

„Се работи за синдикало недоразбирање, а штрајковите имаат често и партиски мотиви и цели“, велат грчките владини извори за АНА – МПА.

Министерот за труд и социјална политика на Грција, Јаниц Вруцакис рекол дека се работи за атрактивен закон кој предвидува зголемување на пензиите.

Тој додал дека се работи за првиот закон за социјално осигурување во историјата кој е базиран на експертска студија која потврдува одржливост на системот за осигурување во таа земја до 2070 година, како и дека се работи за прв закон по 12 години кој не предвидува намалување на пензиите.