ЕкономијаМакедонија

Аутсорсинг индустријата во Македонија брзо расте

Аутсорсинг индустријата - Работник
65views

До 2022 година се очекува бројка од 15.000 вработени и речиси 300 милиони евра приходи.

Приходите на аутсорсинг индустријата достигнале 150,3 милиони евра во 2018 год., односно растат 17.9% просечно годишно во периодот 2015-2018 год. Индустријата расте значително побрзо од домашната економија и до 2022 год. нејзините приходи ќе се приближат до 288 милиони евра, покажува деталниот извештај за аутсорсинг секторот во земјава, изработен од МАСИТ, бизнис комората на ИКТ секторот.

Преку 150 милиони евра, или 2,1% од македонскиот БДП „тежела“ домашната аутсорсинг индустрија во 2018 година и е една од најбрзо растечките во Македонија, со двоцифрен пораст на вработувањата во секоја од последните 5 години, и се развива како една од најветувачките индустрии во националната економија, вели деталниот извештај за развојот на аутсорсинг индустријата во земјава, што го изработи МАСИТ, бизнис комората на информатичко – комуникацискиот сектор, пишува Капитал.

Целосниот текст прочитајте го тука