Економија

Бавен раст на платите во земји со високи приходи и покрај намалувањето на невработеноста

Бавен раст на платите во земји со високи приходи и покрај намалувањето на невработеноста - Работник
353views

Во глобалниот извештај за плати 2018/2019 година на Меѓународната Организација на Труд се наведува дека во напредните земји од Г20, растот на реалната плата се намалил од 1,7 проценти во 2015 година, на 0,9 проценти во 2016 година и 0,4 проценти во 2017 година. Во Европа (Со исклучок на Источна Европа), растот на реалната плата се намали од 1,6 проценти во 2015 година, на околу нула во 2017 година, како резултат на нискиот раст на платите во земјите како што се Франција и Германија, и намалувањето на реалните плати во Италија и Шпанија.

Спротивно на тоа, во источна Европа, растот на реалната плата забележа раст по падот на 4,9 проценти во 2015 година и продолжи да се зголемува, од 2,8 проценти во 2016 година, на 5,0 проценти во 2017 година. Растот на реалната плата во Соединетите Американски Држави бележи пад од 2,2 проценти во 2017 година и на 0,7 проценти во 2016 и 2017 година.

Според извештајот имајќи го во предвид заздравувањето на растот на БДП и постепеното намалување на стапката на невработеност во различни земји, бавниот раст на платите во земјите со високи приходи во 2017 година претставува некој вид на загатка и е предмет на интензивни дискусии. Можното објаснување за забавениот раст на платите вклучува низок раст на продуктивноста, зајакнување на глобалната конкуренција, намалување на преговарачката моќ на работниците и неможноста статистичките податоци за невработеност соодветно да го претстават застојот на пазарот на трудот, како и некои несигурни економски прогнози кои може да ги обесхрабрат фирмите да исплаќаат поголеми плати.