- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Банките до петок треба да достават понуди до Македонски пошти

Банките до петок - Работник
363views

Банките ја почнаа трката за добивање на платниот промет на Македонска пошта. Во петок ќе се знае колку од комерцијалните банки во земјава се заинтересирани да ја добијат работата. Главен проблем во целиот процес може да се случи доколку новата банка која ќе работи со пошта да не може да продолжи да го користи софтверот со кој работеше пропаднатата Еуростандарт банка. Но, директорот на пошти вели дека е оптимист и дека нема да треба нов софтвер за идната банка.

„Тој информациски систем требаше две години да се инсталира во нашите шалтери и сите наши шалтерски работници да се обучат на таа апликација. Тоа е многу битно, ние да го користиме истиот информациски систем, бидејќи ќе можеме веднаш кога ќе склучиме договор со некоја банка да продолжиме со платниот промет“, вели Ејуп Рустеми, директор на Македонска пошта.

Блокираниот платен промет на пошти е само една дел од причините за финансиските загуби  на оваа државна компанија која надминува 50 милиони евра за шест месеци.

„Од март 2020 година ни падна меѓународниот поштенски сообраќај, март април мај немавме воопшто меѓународен поштенски сообраќај, потоа падна многу и внатрешниот сообраќај. Сега и со платниот промет ние имаме сериозни последици во финансиската состојба“, додава Рустеми.

Освен што пропаѓањето на Еуростандард банката го парализираше платниот промет на Македонски пошти, а со тоа не можеше да наплатува сметки на граѓаните, стопирана е и исплатата на пензии и социјална помош на примателите кои пензијата ја добиваа на домашна адреса преку поштар.

Извор: АлсатМ