ЕкономијаМакедонија

Банките тешко им даваат кредити на компаниите

Банките тешко им даваат кредити на компаниите - Работник
266views

Компаниите, особено малите и средните претпријатија, тешко успеваат да добијат кредити од комерцијалните банки. Иако домашните банки финансиски се стабилни, сепак, пристапот до финансии за малите претпријатија е отежнат. Банкарскиот сектор во земјава важи за профитабилен и ликвиден, но кога станува збор за кредитирање на компаниите, банкарите сѐ уште се скептични, особено кон малите фирми, па парите до нив стигнуваат со тешкотии.

– Кредитирањето на домаќинствата се зголемува побрзо во однос на корпоративното кредитирање. Стапката на раст е релативно стабилна и изнесува околу 10 отсто годишно во просек, во изминатите 5-6 години. Посилната склоност на банките за кредитирање на домаќинствата се темели на понискиот ризик, кој произлегува од овие кредити, поедноставните постапки за одобрување односно за оцена на кредитната способност на кредитокорисникот и обезбедувањето, кое полесно се продава – велат од Народна банка на Република Северна Македонија. Од НБРСМ додаваат дека во вакви околности, стимул за поголемо кредитирање на домаќинствата се солидната наплата и следствено добриот квалитет на кредитното портфолио на банките кон домаќинствата.
– Од друга страна, веројатно е повисока и заинтересираноста за задолжување на домаќинствата, во услови на историски ниски каматни стапки, раст на вработеноста и платите, раст на расположливиот доход. Иако поголемиот дел од кредитната поддршка за домаќинствата е фокусирана кон финансирање на потрошувачката, од средината на 2015 година, станбените кредити се најбрзорастечкиот сегмент од кредитното портфолио на домаќинствата – додаваат од Народна банка, пишува Нова Македонија.

Целосниот текст можете да го прочитате тука