- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

Бараат поголеми плати, вработените во јавниот сектор во Германија највија штрајкови

Бараат поголеми плати - Работник
265views

Вработените во јавниот сектор во Германија започнале кампања на кратки штрајкови барајќи значајно зголемување на платите, а меѓу оние кои ќе прекинат со работа се и вработените во болниците и центрите за нега на деца.

Синдикатот вер.ди бара зголемувања на платите на 4,8 отсто или минимум од 150 евра на месечно ниво за околу 2,3 милиони вработени во јавниот сектор во текот на наредната година.

Претставниците на јавниот сектор сеуште ја немаат изнесено својата понуда бидејќи настојуваат договорот да биде долгорочен, оценувајќи ги барањата на синдикатот за преголеми, поради тоа што германската економија се бори со последиците од пандемијата од корона вирусот и намалување на приходите од даноците.

Лидерот на синдикатот, Франк Вернеке за телевизијата ЗДФ рекол дека вработените се повикани на предупредувачки штрајкови во наредните денови ширум земјата.

„Во болниците има особено голем притисок и големи очекувања, така да таму ќе биде фокусот“, рекол Вернеке.

По пропаднатите преговори за време на викендот, состанок е закажан за 23 и 24 октомври.