ЕкономијаСвет

Барањата за додаток за невработени во САД се очекува оваа недела да достигнат рекордно ниво

Барањата за додаток - Работник
136views

Бројот на Американци кои побарале додатоци за невработени има голема можност да го надмине рекордот втора недела по ред, поради мерките на САД за забрана на работата поради пандемијата на корона вирусот, за која економистите велат дека ја турнала економијата во рецесија, пишува Ројтерс.

Извештајот кој денеска треба да излезе од Министерството за труд на САД, се очекува да ги надмине минатонеделните барања за додатоци за невработени кои изнесуваа 3,3 милиони. Ова, најевројатно ќе им укаже на економистите дека најголемиот процент на вработеност во САД завршил во март.

Повеќе од 80 проценти од Американците се под некоја форма на карантин, што значи дека нивниот број пораснал за 30 проценти, со оглед на тоа дека пред неколку недели 50 проценти од населението во Америка било под карантин. Оваа состојба ги наполнило бироата за вработувања со апликации за додатоци за невработеност.

Економистите предупредуваат дека државата треба да биде подготвена за ескалација на барањата за додатоци за невработени, делумно повикувајќи се на фискалниот пакет потпишан од страна на Претседателот на САД, Доналд Трамп во износ од 2,2 трилиони долари, како и олеснувањата од страна на федералната Влада за условите со кои луѓето можат да аплицираат за додаток за невработени.

Имено, САД ја има најголемата бројка на потврдени случаи на Ковид – 19, со повеќе од 188,000 заболени и околу 4,000 починати како последица од заразата.