- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

Барање заразата од Ковид да се признае како повреда при работа

Барање заразата - Работник
639views

Сојузот на германски синдикати (ДГБ) на покраината Хесен – Тирингија побарал инфекцијата со ковид кај јавните службеници да се признае како повреда при работа.

„Покраината Шелзвиг – Холштајн во февруари ги објавила критериумите за признавање на заболувањето од корона како поврда при работа“, потсетува ДГБ.

Во покраината Тирингија, како што истакнува ДГБ, сеуште ниеден случај не е признат како повреда при работа.

ДГБ претпоставува дека тпа е затоа што кај заразата со коронавирусот тешко може да се потврди моментот на заразазата.

Меѓутоа, веќе се насобираат тужби на државните службници чии барања за признавање на инфекцијата како повреда при работа се одбиени.