ПравдаСветСиндикат

Бароу: На работниците им е потребен нов Социјален договор за остварување на одржливите цели

Бароу: На работниците им е потребен - Работник
45views

Генералниот Секретар на Меѓународната Конфедерација на синдикати, Шаран Бароу денеска ќе побара од светските лидери во Обединетите нации во Њујорк да прифатат дека е потребен нов Социјален договор за да се осигура дека Одржливите цели за развивање можат да се исполнат. Бароу ќе се обрати пред лидерите на Владите кои ќе се соберат заедно во Њујорк на 25 септември (денеска) по повод првиот Самит за Одржливите цели за развивање, од нивното развивање во 2015 година. Самитот ќе се одржи поради сериозните предупредувањата од страна на ОН, бидејќи светот застранил од остварувањето на Одржливите цели за развивање.

„Инклузивното и одржливото развивање може само да се постигне преку осигурување дека социјалните партнери го имаат главниот збор, а тоа значи дека работниците, преку нивните синдикати, се на иста рамномерност со Владите и бизнисите. Корпорациската глобализација која трае со декади го отстрани социјалниот договор, оставајќи голема моќ во рацете на мултинационалните корпорации и богатите“, рече Бароу.

Јадрото на обновениот социјален договор е поставено во Вековната Декларација на Меѓународната Организација на труд, усвоена во јуни. Декларацијата гарантира дека сите работници треба да имаат право да се организираат и колективно да преговараат, како и да бидат заштитени од дискриминација, принуден труд и детски труд. Таа ги препознава и безбедните и здравите услови за работа кои се фундаментални и дека треба да има адекватни минимални плати и максимални граници за работните часови. Повикува и на социјална заштита за сите.

Бароу, која ќе зборува на партнерството за одржливо развивање, ќе ја изрази итната потреба за Нов Социјален Договор, за да може светот да се врати на правилна насока и да ги исполни целите на агендата до 2030 година која ги овозможува основите за остварување на останатите одржливи цели за развој и осигурување на вистинско одржливо развивање кое одговара на аспирациите на луѓето за социјална правда, достоинствена работа и достоинствен живот.