МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Беговиќ за Либертас: За Синдикатот на клинички зголемувањето на платите на докторите, особено докторите специјалисти е значително и суштинско

   Време за читање 2 минути

Извадок од интервјуто на д-р Горан Беговиќ за Либертас:

Пред неколку дена е потпишан анекс на колективен договор за зголемување нa платите на здравствените работници. Што претставува и какво значење има овој договор и од кога стапува на сила?

Во Синдикатот зголемувањето на платите на докторите, особено докторите специјалисти кои беа таргет во Програмата на Владата 2017-2020 година покачувањето на коефициентот на сложеност од 25% опфатено со новиот Анекс на Колективен договор го цениме како значително и суштинско. Покачувањето на коефициентот на здравствените работници со средно, више и високо стручно образование (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл.) од 10% го сметаме коректно согласно ветената програма за двојно зголемување на платите на овој профил здравствени работници. Овој Анекс на Колективен договор ќе почне да се применува со февруарската плата во 2020 година.

Кои се придобивките кои што може да ги очекуваат здравствените работници од овој договор?      

Првенствено кај здравствените работници доведува до едно чувство дека почнува соодветно да им се вреднува работата и степенот на образование, што ќе доведе до зголемена мотивираност на здравствените работници во извршувањето на својата тешка и одговорна работа. Истовремено се подобрува девалвираниот и до скоро деградиран статус на професијата во општеството, и се зголемува дигнитетот на професијата. Притоа, од суштинско значење е која е добивката од овој и ваквите слични договори за пациентот како главна алка на здравствениот систем за кој истиот се воспоставува и организира. Здравствениот систем се потпира на три столба: пациент, материјални добра и давател на услуга.

Единствено добро мотивирани здравствени работници можат да дадат квалитетна услуга, односно, здравствени работници кои се чувствуваат соодветно наградени за својата работа. Сето ова, сигурно ќе даде придонес и ќе биде голем поттик за намалување на миграцијата на докторите и медицинските сестри од државата, и со тоа ќе се намали недостигот на овој неопходен кадар за  нормално функционирање на здравствениот систем.

Целосното интервју прочитајте го тука