МакедонијаСиндикат

БЕГОВИЌ: ЛЕКАРИТЕ СЕ КАКО ВО РУСКИ РУЛЕТ – НИ ТРЕБА ИТНА ЗАШТИТА

БЕГОВИЌ: ЛЕКАРИТЕ СЕ КАКО ВО РУСКИ РУЛЕТ – НИ ТРЕБА ИТНА ЗАШТИТА-работник
44views

После нападот врз медицинско лице во Тетово кое заврши на скопските клиники, а следниот ден и медицинска сестра во болницата во Драчево, синдикатот на Клинички центар пак се крена на нозе. Бараат конечно, министерството за здравство да ја погледне реалната состојба и да им обезбеди итна заштита, оти во спротивно ова им е причина плус да ја напуштат државата.

-Се чувствуваме како да сме вплеткани во една игра наречена руски рулет, се додека не се случи некое ново насилство. Ваквите инциденти не се разретчени, туку напротив се зачестени. Не се доволни, привремени повелби, декларации и соопштенија при вакви инциденти, а ништо да не се презема за наша заштита. Затоа упатуваме еден апел до ресорното министерство да се ориентира кон реалната состојба, што влијае на ионака се поредуцираниот здравствен персонал, полесно да се реши да ја напушти оваа држава, вели за „Алфа“ претседателот на синдикатот Горан Беговиќ.

Бараат провесионално обезбедување во секоја здравствена установа.

Целиот текст можете да го преземете тука