СветСветот на работникотСиндикат

Без договор со Владата: Просветарите и понатаму штрајкуваат

Без договор со Владата - Работник
205views

Денеска продолжил штрајкот на вработените во просветата во Хрватска кој веќе трае 24 дена.

Претставниците на синдикатот на хрватските учители и независниот синдикат на вработените во средните училишта ќе одржат прес-  конференција пред Банскиот двор.

Премиерот Андреј Пленковиќ апелирал до вработените во основните и средните училишта да размислат за последниците од штрајкот, а Министерот Јосип Аладаровиќ ги повикал синдикатите на состанок во Владата, а тие прифатиле.

Аладаровиќ рекол дека на синдикалците на тој состанок ќе им биде претставена конечната понуда на Владата, а тоа е зголемување на основицата за 6,11 отсто и зголемување на коефициентите на сложеност на дејноста за најмногу два отсто.

Имено, просветарите барале токму зголемување на коефициенитите на сложеност на работата.

Дека договорот со Владата ќе биде постигнат доколку владиниот предлог го прифатат повеќе од 50 пратенци, рекла и професорката Јулијана Петрина, доверител на СХУ од Вараждинската жупанија, пренесува ХРТ.