- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Бектеши дозволи организирани вечери со повеќе од 100 луѓе, за здравствените власти тоа е спорно

398views

Министерот за економија Крешник Бектеши дал дозвола да се организира таканаречена  „организирана вечера“ со послужување на храна на угостителски објект во Скопје. Во документот до кој дојде Фактор стои дека е издадена согласност за послужување на гостите во објектот со почитување на протоколите.

Во согласноста стои потсетување дека е забрането да се организираат свадби, крштевки и родендени, што е во согласност со сите одлуки на Комисијата за заразни болести и на Владата, но за здравствените власти спорна е затоа што кога се дава дозвола за таканаречена организирана вечера, тоа само официјално не мора да се вика свадба, а може да биде вечера на која ќе присуствуваат и повеќе од 100 луѓе.

Комисијата за заразни болести се уште нема дадено согласност за работа на угостителските обејкти кои организираат свадби и нема дозвола за одржување веселби со повеќе луѓе. Затоа ова се смета како извесна двојна игра.

Извор: Лидер