ЕкономијаМакедонија

Бектеши: Законското решение и повиците подготвени, се чека законската основа, поддршката до стопанството од четвртиот сет навреме ќе стигне

Бектеши: Законското решение - Работник
92views

Мерките од четвриот владин сет веќе се реализираат, а за дел се чека да се усвои ребалансот и да се спроведат јавните повици за реализација на мерките. Законското решение е веќе подготвено, консултациите завршуваат со засеганатите страни и ќе биде испратено најдоцна задутре во Собранието, а подготвени се и правилниците за реализација на мерките што се преку Министерството за економија и чекаат објавување штом се создадат законски услови, односно штом помине ребаласот на Буџетот во Собранието.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција очекувајќи навремено донесување на ребалансот и реализација на мерките при што ги повика политичките партии да не прават дневна политика од ова и да придонесат кон тоа поддршката што се прави со четвртиот сет економски мерки да стигне до граѓаните, до бизнисот, до зачувување на работните места.

-Ги повикувам сите политички партии со мерки кои се наосчени кон поддршка на граѓаните, на бизнисот, на зачувување работни мста не треба да се прави дневна политика. Сите треба да придонесме кон подобрување на тие мерки и да им излеземе во пресрет. Убеден сум дека навремено ќе излеземе со реализација, а веќе дел од мерките се применуваат како Викендот без ДДВ и бескаматната кредитна линија Ковид 1.

Тој е уверен дека ќе биде навремена и исплатата на плата на вработените во погодените субјекти за октомври, како што е договорено со коморите.

-Овие денови ќе го пратиме законското решение во Собрание и очекуваме во почетокот на ноември да биде усвоено и веднаш ќе го реализираме преку УЈП. Како што беше и првично ќе имаат прилика компаниите да земат поддршка од државата, а во текот на оваа недела законското решение ќе биде доставено до Собрание. За другите мерки го чекаме усвојувањето на ребалансот да е објави во Службен весник и Министерството за економија утредента ќе ги објави сите повици за сите мерки што се спроведуваат преку нашиот ресор. Сите јавни повици се подготвени и во денот коа ќе имаме законска можност ние ведаш ќе ги објавиме. Имајќи ги предвид прилично истите мерки што ги имавме и претходно, повеќето од мерките ќе одат и онлајн, и сите туристички агеници, водичи и други секотори ќе можат да аплицираат онлајн, истакна Бектеши и додаде дека за туристичките агенции и хотелиерите се лесно спроведливи мерките бидејќи има регистар во Министерството за економија.

Ги повика сите политички партии да придонесат и навремено да се донесат сите законски решенија со што ќе придонеме за поддршката да стиге до граѓантие и бизнисот.

Во врска со одложувањето на либерализацијата на поштенскиот пазар, рече дека почнува процедура за подготвување физибилити студија за Пошта и откако ќе биде готова ќе се разгледаат наодите и ќе се донесе соодветна одлука.

Тој додаде дека за сите акционерски друштва, јавни претпријатија кои работат со загуба треба да се најдат модели кои се современи со цел да се подобрат услугите и истовремено да немаат негативен импакт врз буџетот.