ЕкономијаМакедонија

Бектеши: Има пари за субвенции во туристичкиот сектор, се прави проценка до кој период

Бектеши: Субвенциите - Работник
69views

Пари за субвенционирањето на минималната плата за туристичкиот сектор има, но сѐ уште се прават пресметки до кога ќе има финансиски капацитет за таквата финансиска помош, вели во вчерашното гостување во емисијата Економски магазин на Алсат министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Јас колку што сум запознат имаме финансиска можност, како влада…, ќе видиме до кога, тоа ќе зависи од одлуката што ќе ја донесеме на влада оти треба да се има во предвид дека ние реализираме и други мери“, рече министерот Бектеши.