- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Бектеши: Намалување на невработеноста за 3 % секоја година до крајот на мандатот

Завршија преговорите - Работник
214views

Ќе продолжиме да ги поддржуваме домашните компании и странски инвестиции, да поттикнуваме инвестиции во енергетиката, туризмот, занаетчиството, но и во индустријата, рече Министерот за економија, Крешник Бектеши, презентирајќи го мандантното писмо на денешната прес-  конференција.

Главниот фокус, не само на Министерството за економија, туку и на Владата, ќе биде обезбедување на можности развој, создавање на нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните и подобри услови за работа на бизнисот, воведување на нови иновации кои ќе донесат раст и развој на нашата економија, истакна Бектеши.

„Главна цел е да го подигнеме животниот стандард на нашите граѓани, на ниво на европските развиени земји. Во наредните четрии години како Министер за економија ќе продолжам да водам економска политика чија цел ќе биде развој на иновативноста и инвестиции во технолошкиот развој како шанса за посакуваната транформација во економијата“, рече Бектеши.

Вели дека таквата економија создава поголема продуктивност и со тоа придонесува за поголеми плати. Истакна дека пандемијата предизвикана од Ковид – 19 ги забавила проектите кои се реализираат, нагласувајќи дека во претходните седум месеци ги промениле прииоритетите, вртејќи го фокусот кон најпогодените граѓани и најпогодените сектори. 

Најави дека ќе продолжат во таа насока и во наредниот период, се додека не се врати целиот свет во нормала. 

„Јас и мојот тим активно работиме на мерки и политики кој ќе овозможат поддршка и обновување на инклузивниот раст, од чијшто придобики ќе уживаат повеќе граѓани и компании“, рече Бектеши.

Според него, најголем приоритет преку мерките и политиките на Министерството ќе биде отворањето на нови работни места, што ќе значи намалување на невработеноста. Посочи дека целта е таа да се намалува 3 % годишно. 

Рече дека во претходните две и пол години преку планот за економски раст, биле одржани 268 компании, кои имале вкупни инвестиции од 42о милиони евра, посочувајќи дека Планот за економски раст покажал дека компаниите инвестираат и вработуваат. 

Бектеши истакна дека во наредните четири години ќе продолжат со проширување на опфатот на компании, а истовремено и на опфатот на проекти. Тој рече дека ќе има и олеснување на процедурите за водење на бизнис. Во таа насока веќе е започната постапка за законски измени со кои се овозможува основање на фирма со минимален износ на основна главина од 1 евро. 

Бобан Илијевски