- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Белата куќа подготвува план за силен развој на американската економија тежок три трилиона долари

Белата куќа - Работник
139views

 Администрацијата на претседателот Џо Бајден подготвува нов законски проект во висина од околу три трилиона долари за развој на инфраструктурата и нови вработувања, а кој вклучува и такви приоритетни домашни политики како бесплатни локални колеџи и детски градинки, како и развој на обновливи извори на енергија, јави синоќа Вашингтон пост. 

Новиот нацрт закон треба да биде даден на разгледување откако ќе се заврши со дистриубуцијата на пакетот мерки за помош на населениото и економијата погодена од пандемијата вреден 1,9 трилиона американски долари.  

Трилионскиот план за развој на инфраструктурата, обновливи извори на енергија и создавање нови работни места е дел од предизборното ветување на Бајден со агендата за „подобра повторна изградба”. 

Овој нацрт закон, доколку се најде на дневен ред во Конгресот, се предвидува да биде гласно оспорен од републиканците, многу погласно отколку пакетот мерки за помош во пандемијата, бидејќи предвидува зголемување на даноците, дознава весникот. 

-Земјава немала вистински закон за инфраструктура уште од времето кога Двајт Ајзенхауер ги постави темелите на автопатната мрежа (на САД). Овој закон може да стори многу повеќе за американските фабрики и за нови работни места од било кој друг, изјави демократот Ед Рендел, поранешен гувернер на Пенсилванија. Тој смета дека ова е пресвртен момент во американската историја. 

Портпаролката на Белата куќа, Џенифер Псаки, денеска изјави дека „претседателот Бајден и неговиот тим разгледуваат низа можности како да се инвестира во работничките семејства и реформира даночниот систем, за да се награди работата, не богатството”. 

-Разговорите за ова се во тек, се уште е рано да се шпекулира за идните економски предлози, и тоа не е одраз на мислењето на Белата куќа, изјави таа. 

Mич Меконел, лидер на републиканското малцинство во Сенатот синоќа од говорницата порача дека „таканаречениот предлог за инфраструктура всушност може да биде Тројански коњ за огромно зголемување на даноците и други левичарски политики за убивање на работните места”.