- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Берењето на шумски плодови е исплатлива работа – можат да се заработат и до 100 евра дневно

Берењето на шумски плодови - Работник
464views

Берењето на шумски плодови е солиден извор на приходи во Топличкиот крај во Србија, каде вештите и организирани берачи можат дневно да заработат и до 100 евра, а бербата трае десетина дена, велат откупувачите.

Сега се берат шумски јагоди чија откупна цена, зависно од квалитетот, е од седум до осум евра по килограм. Тешко е да се берат бидејќи се скриени и распространети во шумите и под тревата на ливадите, ги има малку, па поради тоа мал е и бројот на луѓето кои се бават со берба.

Луѓето кои се бават со ова, велат дека е многу полесно да се берат диви капини чија сезона допрва доаѓа, бидејќи се подостапни и се на пониски надморски височини до 500 метри, но поради тоа и нивната откупна цена е пониска од цената на шумските јагоди и изнесува од 600 до 700 динари за килограм.

Најзастапено е берењето на боровинки кои растат на Копаоник, бидејќи нивната откупна цена достигнува и до шест евра по килограм, а искусните берачи можат дневно да наберат и по десетина килограми од ова шумско овошје.

Шумските плодови, особено боровинките, се бараат во светот, а од Србија се извезуваат во земјите од Западна Европа и во Русија.

Извор: Beta

Фото: Pixbay