- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Бесен вработен кому шефот му должел неколку плати уништил погрешно Ауди

Бесен вработен кому шефот - Работник
1.13Kviews

Хрватското обвинителство подигнало обвинение за 44-годишниот Елвис, кој во јули во Загреб со секира демолирал скапоцена лимузина „Ауди А8 3.0 Кватро“ во сопственост на фирмата „Гуд енд фаст“ Good and fast).

Според обвинението, тој со секира со оштрица долга 20 центиметри удирал по автомобилот на кој му ги искршил прозорците, панорамскиот кров и направил вдлабнатини од сите страни, со што ивршил кривично дело оштетување туѓ имот.

Како што објави „Даница.хр“, обвинителите бараат 10 месеци условна казна затвор.

Елвис во полиција веднаш го признал делото и изјавил дека го направил тоа затоа што сопственикот на фирмата и автомобилот му должел повеќе плати, кои не сакал да му ги исплати.

Сепак, во текот на истрагата се покажало дека Елвис го истурил својот бес врз автомобил на друг сопственик, кој не бил виновен за неговите проблеми, односно дека Елвис уништил погрешен Ауди.

Повикан на казнена одговорност, обвинетиот призна дека го сторил казнивото дело и детално објасни за својот нерешен имотно-правен однос со извесен Ален Б. во смисла на објаснување на мотивите, затоа што бил убеден дека станува збор за автомобилот на Ален Б. – соопштија од хрватското државно обвинителство.