ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Бесмислено: Такси превозниците во Црна Гора заработуваат најмногу шест евра дневно

Такси превозниците - Работник
120views

Одлуката такси превозот во Црна Гора да започне од понеделник 4 мај е прерано, бидејќи требало таксистите да започнат да работат кога ќе започне и градскиот превоз, поради тоа што овие две дејности се потполно поврзани.

Дека оваа одлука е прерано донесена, Претседателот на Струковиот синдикат на таксистите на Црна Гора, Борислав Павловиќ го запознал премиерот Душко Марковиќ, на кој му упатил писмо.

„Такси превозот е врзан со патничкиот, поморскиот и воздушниот сообраќај, врзан е за училиштата, факултетите, хотелите, рестораните, кафетериите и сите социјални институции за кои клиентите изразуваат потреба за превоз“.

Поради тоа што 90 отсто од овие дејности се сеуште затворени, се поставува прашањето кој во овие моменти  ќе користи такси превоз, пишува во писмото кое Павловиќ му го упатил на Марковиќ.

Павловиќ наведува дека од понеделникот, кога започнале со такси превозот, работа нема.

„Таксистите стојат на улица, луѓето се плашат да се возат, а и немаат потреба некаде да патуваат. Додатна неповолност е тоа што движењето е дозволено само внатре во општините. И во Подгорица нема работа, таксистите ми се жалат дека дневно заработуваат до шест евра“, наведува Павловиќ.

Тој рекол дека такси возилата не можат да ги одржуваат мерките пропишани од Националното координативно тело за заразни болести.

„Неоправдано е од економски аспект, така и критично е и од здравствен аспект, бидејќи не може возилата постојано да се дезинфекцираат, а и не може во возилото да се одржува физичка дистанца“, вели Павловиќ.