Правда

Беснеат протестите во Либан – народот бара промена на Владата

Беснеат протестите во Либан - Работник
162views

Од спонтан протест поради Ватсап повик се претвори во национален масовен протест за промена.

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Бејрут и другите градови ширум Либан за да го изразат својот бес за владината корупција, неефикасност и недостаток на основни услови.

Кога државниот министер за телекомуникации минатиот четврток го најавил предлогот за данок на интернет повиците, тој не можел да замисли дека тоа ќе поттикне демонстрации за промена на целата Влада.

Но, она што се разоткри во Либан во последната недела поттикна повеќе од протести против одредени политики, тоа го насочи бесот кон целокупната политичка класа која се богатела на сметка на народот со декади оставајќи го поголемиот дел од државата да се соочува со прекин на струја, недостаток на вода и недостаток на адекватна здравствена грижа.

Кога ќе се додаде и длабоката економска криза којашто ги истисна платите и остави многу млади луѓе без работа, исходот беше неизбежен.

Она што е неверојатно е природата на протестите. Тие ги избегнаа политичката припадност и религиозните поделби.