ЕкономијаМакедонија

Бизнис секторот бара итна помош, секој изгубен ден значи и повеќе изгубени пари

157views

Потребни се храбри и брзи потези за да се спаси стопанството, а со тоа и државата, сметаат стопанствениците. Бизнисот бара државата што поскоро да вбризга пари во реалната економија, бидејќи проблемите на компаниите секој ден стануваат сè поголеми.

“Делувањето мора да оди многи бргу, значи исклучително бргу, што побргу да се посегне по средства од страна од комерцијалните банки, од Светска Банка, од ММФ и што побргу се вбризгаат средства во компаниите толку во подобра кондиција ќе ги најдеме, а воедно и што повеќе средства се вбризгаат во државата, таа истата ќе биде во подобра кондиција. Според тоа, мерките мора да се носат на дневна основа и мора да се носат многу храбро”, вели бизнисменот Горан Рафајловски.

Според него, потребно е задолжување од најмалку две милијарди евра за државата и стопанството полесно да се справат со полследиците од корона-кризата. Првиот пакет мерки што го најави Владата минатата недела, за бескаматни кредити во вкупна вредност од 5,7 милиони евра за најпогодените сектори, сè уште не им се достапни на компаниите бидејќи аплицирањето започна пред два дена и сè уште трае.

“Секој изгубен ден се изгубени средства и изгубени работни места. И од таа гледна точка или економскиот совет нека покаже сериозна храброст и нека каже што смета дека е потребно за да опстане Република Македонија и како држава и како стопанство поради фактот што без стопанство Република Македонија едноставно верувајте ми нема да постои”, вели Рафајловски.

Во овој момент во тек е состанок на владиниот економски совет, каде се пресутни и претставници од стопанските комори во земјава. Токму коморите алармираат дека државата во овој момент мора да го спаси стопанството, за потоа, на среден рок, бизнисот да ја спаси државата.

Извор: Сител