- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Битиќи: Во стопанството од трите пакети мерки се слеале најмалку 145 милиони евра

Битиќи: Во стопанството - Работник
185views

145 милиони евра директна поддршка од трите пакет мерки досега се слеале во стопанството, рече на денешната прес – конференција за четвртиот пакет мери, вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање. 

Како што рече, во брзата пресметка, 75 милиони евра се однесуваат на исплатените субвенции за плати на вработените, потоа 26,7 милиони евра преку платежни картички кои и покрај тоа што биле наменети за граѓаните, средствата од нивното трошење се слеале во стопанството. 

„Тука се и бескаматните кредитни линии кои се искористени, како што е кредитната линија од Европската инвестициска банка, и тие се во износ од 51 милиони евра“, рече Битиќи, додавајќи дека во текот на денот ќе излезат и со попрецизни податоци.