- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Битиќи на „Првиот економски форум” во Скопје: Успешно се справивме со економските последици од КОВИД – 19 на што укажуваат и статистичките податоци кои укажуваат на брзо заздравување на економијата

Битиќи на „Првиот економски форум” - Работник
278views

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, во х. „Александар Палас”, учествува на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата” заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Форумот, чиј фокус се поставувањето темели за стабилност и просперитет во Северна Македонија, со официјално обраќање го отвори претседателот на Владата, Зоран Заев, а, министри, владини претставници и претставници на Амбасади и истакнати бизнисмени учествуваат во повеќе панел дебати, посветени на стабилноста и соработката во регионот на Балканот, економскиот развој на земјата по пандемијата од KOVID-19, за странските инвестиции, унапредувањето на инфраструктурата, енергијата, туризмот и одржливиот економски развој.

„Ако говориме за влијанието на глобалната пандемија врз нашата економија, ние не почувствувавме тешки последици како останатите земји, бидејќи ако можам да кажам, многу брзо ги увидовме можностите за ефективно справување и ја согледавме можноста кризата да ја искористиме за економски развој и конкурентност на нашата економија и во днос на привлекување на странски инвестиции”, рече вицепремиерот Битиќи, обраќајќи се на панелот за економското закрепнување на нашата земја по пандемијата од КОВИД-19.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека како држава бевме единствени во справувањето со кризата и следејќи ја ситуацијата, Владата донесе шест пакети економски мерки, што овозможи да можеме брзо да се прилагодуваме на новонастанатите ситуации.

„Според речиси сите статистички податоци, во последниот месец посебно, јасно е дека постои тенденција на заздравување на економијата на Северна Македонија”, додаде Битиќи.

„Моментот кој сега мораме да го искористиме, според мене е засилена работа на остварување на целите од Берлинскиот процес и креирање на заедничка – регионална економска зона. И да одиме чекор понапред и да гледаме кон регионална конкурентност наспроти регионална конкуренција што е практичен чекор за како да ги искористиме потенцијалите на регионот и да бидеме дел од вредносниот ланец на поголемите економии, но и да сме регионално конкурентни и единствени во привлекувањето на странските инвестиции”, истакна вицепремиерот Битиќи, учествувајќи на панел дискусија на Првиот економски форум во Скопје.

Организатор на денешниот Форум е Делфи економскиот форум, познат по годишните средби во Грција, заедно со Грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија, во партнерство со домашните компании.

Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.