- Advertisement -
ЕкономијаСвет

Биткоин повторно кон рекорд, големите банки започнаа со…

364views

Големите банки ширум светот започнаа да ја нудат криптовалутата на богатите клиенти.
Вредноста на биткоинот повторно се зголемува утрово, во околу 8.30 часот се тргуваше со најпопуларната криптовалута по цена од 58.500 долари.
Така, во изминатите 24 часа цената на дигиталните монети забележа скок од 4 проценти.

Во текот на вчерашниот ден, вредноста се движеше помеѓу 54.000 и 59.000 долари, што го приближи до рекордот од 61.500 долари.
Една од причините за новиот скок на биткоинот може да биде обновување на интересот на големите инвеститори за инвестирање во криптовалута.

Имено, Морган Стенли стана првата голема банка во САД што им понуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин.
Инвестициската банка, гигант што управува со четири милијарди долари од средствата на своите клиенти, во средата со внатрешен документ им соопшти на своите финансиски советници дека ќе воведе пристап до три фондови што овозможуваат сопственост на биткоин, велат луѓето запознаени со ситуацијата.

Овој потег, значаен чекор во прифаќањето на биткоинот како вид на средство, го реши Морган Стенли откако клиентите побараа пристап до таа криптовалута.
Да потсетиме, институциите беа големи купувачи на биткоин во четвртиот квартал од 2020 година, а нивните набавки далеку ги надминаа инвестициите во малопродажбата. Но, сега и малопродажните и институционалните протоци на биткоини се порамномерно распоредени.

Вредноста на биткоинот во моментов е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање картички во светот, со вкупна пазарна капитализација од 871 милијарди долари, како и трите најголеми банки во светот.