СветСветот на работникотСиндикат

БиХ: Да се заштитат работниците од високи температури

БиХ: Да се заштитат работниците - Работник
78views

Сојузот на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина, по повод топлотниот бран кој ја зафати Босна и Херцеговина, апелира работодавачите да ја прилагодат организацијата на работата според неповолните услови и да преземат други мерки за здравјето на работниците, соопштиле од синдикатот.

Поради тоа што во законодавството на БиХ не се пропишани минималните барања во поглед на условите за работа на работниците на отворено кога условите се неповолни (висока темепература), а не е пропишно ни при кои неповолни услови работодавачите би требало да прекинат со работа (бидејќи постои опасност по животот и здравјето на работниците), Сојузот на самостојни синдикати на БиХ ги повикува сите работодавачи работното време на отворено да го прилагодат според временските услови и така да го заштитат здравјето на своите работници.

„Неоспорно е дека големите жештини влијаат врз здравјето на работниците, особено на оние кои работат на отворено и подолго време се изложени на сонце поради обврските кон работата, поради што доаѓа до пад на концентрација при работа и можност за повреда на работниците. Меѓународниот стандард ИСО 7243 ги дефинира условите и критериумите за иведување на работа во услови на висока температура, а една од мерките е да се избегнува работење во најтоплиот дел од денот. Поради тоа им упатуваме апел на работодавачите да го применат овој стандард и да извршат прераспределба на работното време, односно работниците да не се наоаѓаат на отворено во најтоплиот дел од денот. Напоменуваме и дека за работа во затворено треба да се обезбеди разладување на просториите за да се зачува здравјето на работниците“, се наведува во соопштението на Сојузот на самостојни синдикати на БиХ.

Во согласност со споменатиот стандард, во зависност од утврдување на топлотниот индекс кој е одговорен за условите на работниците на отворено, во услови на високи температури предвидени се начини на изведување на работа и мерки за заштита, акко и препораки за работодавачите и работниците во смисла на превенција која може да помогне да се намали ризикот од изложеност на работното место најмногу што може.