ЕкономијаСветСиндикат

БиХ: Продолжува штрајкот на здравствените работници

Продолжува штрајкот - Работник
34views

Синдикатот на вработените во здравството во кантонот Сараево (КС) не го прифатил предлогот на Владата на КС со кој се нуди само зголемување на коефициентите на медицинарите, а не на докторите.

Тие останале на својот предлог, со кој коефициентите сочинети според коефициентот 5,40 и однос помеѓу доктор специјалист и медицинска сестра да биде 1:2, а доктор специјалист – работничка за одржување хигиена 1:4.

Претседателот на овој синдикат Едо Селимиќ рекол дека на состанокот со претставниците на Владата КС покажале дека пари за нивните барања има и дека изнесуваат 15 милиони конвертибилни марки на годишно ниво, колку што е потребно за усогласување на коефициентите по нивен предлог, кој според нив е мал износ во споредба со парите со кои располага Заводот за здравствено осигурување на КС од 460 милиони конвертибилни марки.

Неисполнувањето на нивните барања значи дека штрајкот се продолжува, како и дека пациентите трет месец по ред нема да имаат целосна здравствена услуга. Пациентите кои имаат закажано оперативни зафати и прегледи сеуште чекаат. Тие го поддржуваат здравствените работници, но на сметка на нивното здравје, пишува Klix.