ЕкономијаСветСиндикат

БиХ: Работодавачите бараат забрана за отпуштање од работа

БиХ: Работодавачите - Работник
164views

Работодавачите во Федерацијата на Босна и Херцеговина бараат социјален дијалог со кој, помеѓу другото ќе се забрани отпуштањето на работници.

Здружението на работодавачи на БиХ бара од институциите на власта на сите нивоа одговорно и совесно да ја работат својата работа, со цел зачувување на животите и здравјето на граѓаните, работните места и економијата.

Во соопштението н Здружението на работодавачи на БиХ стои дека во овој момент потребно е одлучно и паметно лидерство и подготвеност за итно делување.

„Секој оној во институциите кој не е подготвен да носи паметни, мудри одлуки и итно да делува, треба веднаш да се повлече од функцијата и да го отстапи местото на оној кој сака, знае и може да работи, а такви во оваа земја има сосема доволно“, навеле работодавачите, пренел Кликс.

Работодавачите во БиХ од надлежните бара да спроведат осум итни мерки меѓу кои е и итното потпишување на Привремната социјална спогодба со Владата и синдикатите, со која за време на нејзиното траење, помеѓу другото, ќе се забрани да се отпуштаат работници поради кризата, намалување на платите на оние за чија работа привремено престанала потребата, но не помалку од минималец и намалување на платите во јавниот сектор за 20 отсто.

Се бара и итно усвојување на ребаланс на буџетот на ниво на БиХ, кантоните, општините и градовите и сиот приход, освен неопходниот за функционирање на системот, да се пренасочи кон ширењето на заразата, социјалната и здравствената сигурност на граѓаните и зачувување на економијата.

Работодавачите бараат и сите правни и физички лица кои тоа го бараат, да бидат ослободени од плаќањето на даноците и придонесите.

А, по периодот на важење на одлуката да се отпише дел од тие побарувачки пропорционално со намалувањето на наплатите на побрарувачката, а преостанатиот дел да се наплати во 60 месечни рати, без камата.

Бараат и да се прекинат извршните постапки и постапките за принудна наплата на физичките и правните лица.