СветСиндикат

БиХ: Синдикатот на „Алуминиј“ незадоволен од состанокот, можни се протести

БиХ: Синдикатот на „Алуминиј“ - Работник
69views

Новиот состанок во „Алуминиј“ кој денеска бил одржан со челниците на Управата, Надзорниот одбор и Синдикатот од ова претпријатие, а на кој присуствуваа Претседателот на ХДЗ, Драган Човиќ и федералната заменик премиерка Јелка Миличевиќ не донел ништо ново.

Претставниците на синдикатот изразиле сомнеж дека наскоро ќе биде покренато производството и тоа од 1 септември, како што се најавувало.

Перо Бебек, Претседател на Сојузот на синдикати, на новниарите им ги истакнал резултатите од анкетата која е спроведена минатата недела помеѓу работниците, за да се утврди колку од нив сакаат да работат за речиси дупло помала плата, како што им било понудено, а колку би сакале да земат отпремнина.

„526 луѓе сакаат да работат, 76 сакаат отпремнинан, а 46 ги заокружиле и едното и другото, што не е добар одговор, додека 177 ништо не заокружиле. Кога станува збор за технолошки вишок, тој број е отприлика 550“, рекол Бебек.

Незадоволство од исхдот на состанокот изрази и Претседателот на синдикатот, Ромео Биоксиќ.

„Дефинитивно прашално е покренувањето на производството од 1 сепрември, освен ако потенцијалниот стратешки партнер не ги вложи средствата. Не знаеме што понатаму, можни се протести“, рекол Биоксиќ.