СветСиндикат

БиХ: Синдикатот предупредува за дискирминацијата врз полициските службеници

БиХ: Синдикатот предупредува - Работник
106views

Сојузот на синдикати на полициските органи во Босна и Херцеговина во новиот допис адресиран до надлежните институции во кој предупредува „на дискриминацијата на полициските службеници во полициските органи на ниво на Босна и Херцеговина кои е препуштени сами на себе, со оглед на тоа дека ниедно ниво на власта не одговорило на ниеден нивен претходен допис по истото прашање“.

По тој повод, со соопштение за јавност се огласил синдикатот на државните агенции за истрага и заштита – СИПА во кој се наведува дека во споменатиот допис се гледа дека „полициските службеници во однос на колегите од Федералната управа на полиците и жупањските МУП се дискриминирани преку пресметката на пензиите и се доведени во ситуација да размислуваат за својата егзистенција, што го доведува во прашање интегритетот на полициските службеници, а полициските органи се изложуваат да опасност“.

Споменатиот допис на Сојузот на синдикати на полициските органи во БиХ ( чии членови се синдикатите СИПА, ГПБиХ и ДКПТ), е упатен до Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Федералниот завод ПИО/МИО, Министерството за труд и социјална политика, Парламентот на БиХ, Советот на министри на БиХ, Министерството за безбедност и на Јавниот Правобранител.

„Поради негрижата од страна на органите на власта за полициските службеници кои работат во полициските органи на Босна и Херцеговина се повеќе полициски службеници ги напуштаат полициските органи на Босна и Херцеговина и бараат подобра работа и посигурна егзистенција“, истакнуваат од синдикатот СИПА.