ЕкономијаМакедонија

БКМ предлага наместо три, државата пет години да ги плаќа придонесите за зголемените плати на работниците

БКМ предлага наместо три - Работник
229views

Од Бизнис Конфедерацијата на Македонија предлагаат како измена на предлог законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување, зголемување на периодот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување од три во пет години.

Тие предлагаат наместо да започне да се применува од 1 ноември 2019 година, да се одложи за 1 јануари 2020 година, поради тоа што сметаат дека во времетраење од пет години ќе се постигне реален ефект и во овој временски период ќе се обезбеди стабилен економски раст на долг рок.

„Со овој законски предлог ќе се влијае на донесувањето на одлуките за водење на бизнис и инвестирање од една страна и ќе се овозможат поповолни услови за работа на работниците, ќе се зголеми нивната мотивација, продуктивност и последно ќе се постигнат позитивни резултати во работата на работодавачите и на работниците во целост“, пишуваат од БКМ во коментарот на веб страната на Единствениот Национален Електронски Регистар – ЕНЕР.

Тие не се согласуваат предвидените субвенции за зголемување на плата да бидат ограничени. Предлагаме да се изземат одредбите од членот 5 кои се однесуваат на случаите кога е забрането субвенционирање на придонесите од социјално осигурување, е еден од предлозите на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

„Имено, ограничувањата на работодавачите кои користат ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување, мерки за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување како за финансиска поддршка за нови вработувања, предметниот закон не ги разграничува, напротив ги поистоветува“, пишуваат од БКМ.

Тие истакнаа дека Ваквите актуелни мерки кои веќе ги користат работодавачите имаат друга цел и истите се воведени од страна на Владата со цел намалување на невработеноста во државата и зголемување на работната сила. Покачувањето на платите преку субвенционирање на придонесите претставува дополнителен мотив за подобрување на животниот стандард на работниците и се однесува исклучиво на подобрување на нето платите на работниците.

Наведоа дека покрај тоа, ова законско решение не го зема предвид фактот дека Управата за јавни приходи не води евиденција за корисниците на овие мерки, што ќе доведе до дополнително оптоварување на управата за обезбедување на ваквите информации при утврдување на правата од Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување. Видно од член 7, предвидените рокови во кои Управата за јавни приходи ги доставува обработените податоци до Министерството за труд и социјална политика не се реални и истите, иако предвидени законски, сметаат дека нема да биде возможно да се почитуваат.