- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

Блокиран Центарот на Скопје – Полицијата на протест

Блокиран Центарот на Скопје - Полицијата на протест - Работник
370views

Независниот полициски синдикат денеска организира мирен протест во Скопје, со блокирање на неколку улици на клучни места во градот, со барање за „враќање на достоинството на полицајците, колективни договори и покачување на платите за 25 отсто“.

Припадниците на Независниот полициски синдикат, најпрво 15 минути ја блокираа крстосницата кај МТВ, а потоа се упатија кон ССМ. Следна локација е крстосницата кај зградата на Европската Унија и на крајот демонстрантите ќе ги вклучат сирените од автомобилите пред зградата на МВР.

Advertisement

Едно од главните барања на Независниот синдикат е донесување на колективни договори и покачување на платите за 25 отсто.

Извор: Сител

Advertisement
Advertisement