- Advertisement -
ЕкономијаСвет

Блумберг: Околу 30 милиони Американци немаат за јадење

119views

Несигурноста за храна за американските домаќинства достигна врв минатата недела – речиси 30 милиони Американци тврдат дека немале за јадење во текот на седум дена до 21 јули, објави Блумберг.

Во неделна анализа на Службата за следење на состојбата на домаќинствата, околу 23,9 милиони од 249 милиони испитаници рекле дека „немале што да јадат во одреден момент во неделата“, додека околу 5,42 милиони изјавиле дека „честопати немале никаква храна “.

Advertisement

Бројот на испитаници кои понекогаш немале доволно храна е најголем во 12-неделната студија.

Тоа е резултат на длабока рецесијапоради пандемијата што милиони Американци остави без работа. Невработените Американци добиваат дополнителни 600 американски долари неделно во вид на помош што треба да истече кон крајот на јули кога Конгресот ќе расправа за нов пакет помош.

Advertisement
Advertisement

Другите докази укажуваат на тоа дека економското закрепнување на САД може да се забави бидејќи избувнуваат нови случаи низ целата земја и државите ги откажуваат плановите за повторно отворање, нагласува Блумберг.

Advertisement