ЕкономијаСветСветот на работникот

БМВ го намалува бројот на работници: Ќе ги прати во пензија или на доквалификација со гаранција за вработување

БМВ го намалува бројот на работници - Работник
161views

Германскиот произведувач на автомобили, БМВ најавил укинување на пет проценти од работните места поради падот на побарувачката на пазарот, пренесува Агенцијата Анадолија (АА).

Раководството на БМВ денеска соопштило дека со претставниците на работниците постигнало договор за потребните мерки поради падот на побарувачката на глобалниот пазар кој е предизвикан од пандемијата од Ковид – 19 вирусот.

Во соопштението се наведува дека БМВ ќе го намали бројот на работници за 6,000, а истото ќе го направи преку предвремено пензионирање или доквалификација на работниците.

На работниците кои се пред пензионирање ќе им бидат уплатени потребните осигурувања за да одат во предвремена пензија, а младите работници ќе добијат стипендии за да го продолжат образованието и тоа со гаранција дека по стекнувањето на поголем образовен степен, повторно ќе бидат вратени во БМВ.

БМВ ширум светот вработува вкупно 126,000 работници, а со новите мерки се обидува да ги санира последиците кои ги претрпеле глобалната економија и автомобилската индустрија поради Ковид – 19.