ПравдаСветСиндикат

Боливија: Војската го принудила Претседателот Моралес да даде оставка

Боливија: Војската го принудила - Работник
204views

Меѓународната Конфедерација на сидникати – ИТУК го осудува мешањето на војската во изборниот процес во Боливија. Поради нарушувањето на демократскиот процес и правната држава, левичарскиот претседател Ево Моралес беше натеран да даде оставка и да замине од државата од страв за својот живот.

Моралес кој е првиот домороден претседател, чии политики го издигнаа 40 отсто од населението од сиромаштијата, бил натеран да даде оставка од страна на чиновници од војската. Овие вести пристигнаа по заканите по неговиот живот и насилството врз министрите, парламентарците и нивните семејства.

„Ниеден избран претседател не треба да биде натеран да даде оставка од страна на војската. Така не функционира демократијата. Изборниот процес е решението, а не интервенцијата од страна на воените лидери. Воениот пуч никогаш не е одговорот. Фактот дека Моралес морал да ја напушти државата поради страв за неговиот живот, ја обележува недемократската природа на тоа што се случува во државата“, рече Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.

Администрацијата на Трамп и Организацијата на американските држави (ОАС) биле многу критикувани поради изјавите со кои го потценувале изборниот систем во Боливија. Владата на Моралес, со нејзините политики за намалувањето на сиромаштијата, биле клучни непријатели на неолибералните политики на САД на меѓународната сцена.

Имено, Моралес бил избран во 2006 години и во неговите три мандати, тој ја намалил сиромаштијата, од 59,9 % до 34,6% во 2017 година.